Образование

Расте интересот за стручното образование

25.05.2026 15:00

Деветтоодделенците се пред голем испит-која струка или занимање да го изберат, а да биде барано на пазарот на трудот. Средните училишта се нудат, стручното образование има апсолутна предност. Но последниот збор ќе го каже побарувањето на стопанството …

Електро-машински, информатички, медицински струки, услужни дејности и десетици занимања ги чекаат деветтоодделенците. Тоа е клучен избор за нивната професија и барањата на пазарот на трудот.

Преку 800 деветоодделенци од Прилеп и другите општини треба да најдат место во петте средни училишта.

Изборот не е лесен, ама пазарот на трудот го има последниот збор.

И економско-правните струки сакаат да го зголемат интересот. Велат тоа не е само работа од канцеларија.

Деветтоодделенците се пред голем испит. Станува збор за животната стручна определба.

Елизабета Митреска