инфраструктура

Се проширува гасоводната мрежа во Струмица

25.05.2026 18:20

Се проширува гасоводната мрежа во Струмица. Паралелно општинските власти и годинава воведоа субвенции како за приклучок така и за потрошен кубен метар гас…

Со нови илјада метри годинава се планира да се прошири гасоводната мрежа во Струмица. Фокусот ќе биде насочен кон домаќинствата за што веќе се изведуваат гасоводни линии во градот но и до стопанските субјекти.

Приклучокот кон гасоводната мрежа во висина од околу 800 евра и годинава ќе биде бесплатен. Општината ќе ги рефундира парите а доделува и по 10 денари за потрошен метар кубен гас.

Општина Струмица со години доделува субвенции со оглед дека станува збор за еколошки енергенс кој не загадува.

Ване Трајков