Руско-украински конфликт

Масовни руски воздушни напади во Украина

25.05.2026 20:32

По ударот врз Киев, регистрирани судири во пограничните области, има жртви, повредени и оштетена инфраструктурата...

Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации и Организацијата за безбедност и соработка во Европа по масовните руски воздушни напади. По ударот врз Киев, регистрирани судири во пограничните области, има жртви, повредени и оштетена инфраструктурата. Новите гранатирања следуваат откако врз Киев беа истрелани меѓу другото и хиперсонични ракети.

Според Државната служба за вонредни ситуации, во текот на ноќта од 23 до 24 мај биле погодиле околу 50 различни локации низ главниот град и поширокиот регион, а десетици лица се здобиле со повреди.