Србија
Трамвај излета од шини во Белград, има повредени
25.05.2026 15:45
Според првичните информации, има 15 повредени, кои се пренесени во Ургентниот центар, меѓу кои се две деца кои се однесени во Детска болница...

Трамвај што сообраќал на линијата 5 низ белградската населба Дорќол излета од шините и удри во околна зграда. Според првичните информации, има 15 повредени, кои се пренесени во Ургентниот центар, меѓу кои се две деца кои се однесени во Детска болница.
Трамвајскиот сообраќај во тој дел од градот во прекин, а се работи на утврдување на причината за несреќата, во која е предизвикана материјална штета.
