Здравство

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката приведена

25.05.2026 16:43

Здравствената установа веднаш случајот го пријавила во МВР. 38-годишната мајка на девојчето е уапсена, со таткото е извршен службен разговор, а известен е и јавен обвинител...

Бремена малолетничка, со породилни болки е хоспитализирана на Клиниката за гинекологија и акушерство во тешка здравствена состојба. Здравствената установа веднаш случајот го пријавила во МВР. 38-годишната мајка на девојчето е уапсена, со таткото е извршен службен разговор, а известен е и јавен обвинител.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки и оти ќе следува соодветна пријава за случајот што повторно ја отвора темата за заштитата на малолетниците и за малолетничката бременост.