Македонија
Пожарот во погоните на поранешен „Декортекс“ во Радовиш е изгаснат
25.05.2026 16:24
Предизвикана е поголема материјална штета. Во акцијата за гаснење учествувале противпожарните бригади од Радовиш и Струмица, како и доброволно друштво од Конче...

Пожарот во магацин во кругот на поранешната текстилна фабрика „Декортекс“ во Радовиш, каде биле сместени машини и репроматеријали е изгаснат. Предизвикана е поголема материјална штета. Во акцијата за гаснење учествувале противпожарните бригади од Радовиш и Струмица, како и доброволно друштво од Конче.
За време на гаснењето, неколку пожарникари вдишале поголема количина чад и се здобиле со полесни изгореници, но нема потешко повредени. Причините за пожарот се утврдуваат.
