Скопје

Појава на свлечиште кај градилиште во Скопје

25.05.2026 17:50

Свлечиште кај ново градилиште во Скопје. Се претпоставува дека багер при работа го поттикнал свлечиштето. Професорот на Градежен факултет, Горан Марковски вели дека Скопје со децении не е функционален град...

Сино тресење налик на земјотрес. Жителите во близина на Католичка во паника. Велат дека дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврдат дека се работело и за време на државен празник. Кога излеговме на балконите глетката беше страшна, една голема провалија која го проголта тротоарот од двете страни. Се претпоставува дека багер при работа го поттикнал свлечиштето. Оштетен автомобил, целата инфраструктура, кабли за струја, телекомуникации. Станарите алармираат дека може да претставува ризик и за околната инфраструктура. За среќа, нема човечки жртви.

Каде се гради, кој гради и како гради. Професорот на Градежен факултет, Горан Марковски вели дека Скопје со децении не е функционален град. Ни се случува урбано дивеење и градење без концепт. Недостаток на вода, загаден воздух, поројни дождови, па лизгање на земјиштето. Се помалку зелени површини, се повеќе бетон.

Овој случај е само уште еден од низата инциденти кои стануваат се почести. Пред точно еден месец, еден работник загина а тројца беа повредени откако ги затрупа земја при ископ на градилиште во скопска Кисела Вода.

Александра Спировска