Седница на Синодот на МПЦ-ОА
Покрај за состојбите во Синодот, на дневен ред и точката за состојбите во новите епархии што ја покренаа поранешните владици на ПОА.

Синодот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија одржува седница. Покрај за состојбите во Синодот, на дневен ред и точката за состојбите во новите епархии што ја покренаа поранешните владици на ПОА.
Владиката Петар во јавните настапи навести дека на дневен ред ќе се најдат и неговите предлози, меѓу кои и барањата за потврдување на одлуките за расчинување на свештеници што тој ги има донесено и за поделба на Европската епархија на три дела.
Дали и кои од овие точки ќе се најдат на дневниот ред, ќе покаже денешната синодска седница. Инаку, мандатот на Владиката Петар истекува во три клучни институции на МПЦ, без можност да биде реизбран.
