Нетанјаху: Ситуацијата сега бара од нас да ги зголемиме ударите
Израел ќе ги интензивира напорите против Хезболах во Либан, дециден е премиерот Нетанјаху. Изјавата следува по убиството на уште еден израелски војник со беспилотно летало...

Израел ќе ги интензивира напорите против Хезболах во Либан, дециден е премиерот Нетанјаху. Изјавата следува по убиството на уште еден израелски војник со беспилотно летало. Откако стапи во сила прекинот на огнот загинаа 11 израелски војници.
„Вистина е дека целат кон нас со дронови со оптички влакна. Имаме специјален тим кој работи на тоа. Сакам да ги благословам жителите на северот за отпорноста што не инспирира сите нас. Она што ситуацијата сега го бара од нас е да ги зголемиме ударите, да го зголемиме интензитетот. Ќе ги погодиме со огромна сила“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху,
Хезболах гласно се спротивставува Либан да учествува на директните преговори со Израел во Вашингтон закажани за почетокот на јуни.
