Топло време

Европа под удар на екстремен топлотен бран

26.05.2026 14:18

Франција бележи највисоки мајски температури и прогласи жолт метеоаларм, Обединетото Кралство сруши национален рекорд, поради екстремниот пролетен топлотен бран...

Франција бележи највисоки мајски температури и прогласи жолт метеоаларм, Обединетото Кралство сруши национален рекорд, поради екстремниот пролетен топлотен бран.

Во Лондон вчера беше регистриран најтоплиот мајски ден во историјата, откако на аеродромот Хитроу беше измерена температура од 33,5 степени. Живата во термометрите се искачува далеку над нормалните вредности и во Шпанија, а метеоролозите најавуваат дека таквото време ќе продолжи уште неколку дена.

Температурите ќе продолжат да се движат до 30-от степен низ медитеранскиот регион, Италија, Централна Европа и Балканот и ќе останат високи до крајот на месецот.