Регистрирани 220 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго
Светската здравствена организација објави дека се регистрирани 220 сомнителни смртни случаи од моменталната епидемија на ебола во Конго. Претходно и Уганда пријави уште два случаи на ебола, со што вкупниот број на потврдени се искачи на седум.

Справување со епидемијата оди комплицирано бидејќи сè уште нема вакцини за вирусот Бундибугио. Дополнително е отежната состојбата во провинциите Итури и Северен Киву во Конго поради бунтовничките групи кои управуваат со регионите.
„Дојдовме да им кажеме на луѓето дека болеста е тука. За жал, се соочуваме со отпор, некои луѓе сакаат да не каменуваат, но ние нема да се откажеме. Некои ја прифаќаат, а други не. Се плашиме дека бидејќи отпорот е силен, луѓето ќе продолжат да умираат“, изјави Вани Бирунги, волонтер на Црвениот крст.
Според СЗО, доцнењето во откривањето на заразените значи дека работниците го губат темпото.