Неколкумина загинати во судир на воз и школски автобус во Белгија
Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица. Во школскиот автобус во моментот на судирот имало седум деца и еден возрасен. ...

Неколкумина загинати во судир на воз и школски автобус во белгискиот град Бугенхаут, лоциран помеѓу Антверпен и Брисел.
Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица. По несреќата, стотина патници кои се наоѓале во возот биле евакуирани и на истите им била укажана соодветна медицинска помош.
Во школскиот автобус во моментот на судирот имало седум деца и еден возрасен. Точниот број на загинати и повредени лица дополнително ќе се прецизира од страна на надлежните власти.
