Театар

„Девојките на Марко“ утре премиерно во Прилепски театар

26.05.2026 20:21

Станува збор за современа и динамична комедија сместена во модерен Прилеп од паралелен универзум, која низ многу хумор и неочекувани ситуации ја следи приказната за Марко и неговите љубовни авантури со три стјуардеси, чии животи конечно ќе се вкрстат.

Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп утре премиерно ќе ја изведе претставата „Девојките на Марко“, работена според култната француска фарса „Боинг Боинг“ од Марк Камолети, во превод, адаптација и режија на Синиша Евтимов.

Станува збор за современа и динамична комедија сместена во модерен Прилеп од паралелен универзум, која низ многу хумор и неочекувани ситуации ја следи приказната за Марко и неговите љубовни авантури со три стјуардеси, чии животи конечно ќе се вкрстат.

Во претставата играат Димитар Ѓоргиевски, Илија Волчески, Јасмина Мицовска-Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански и Лора Штарго. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а изборот на музика на Синиша Евтимов.

„Девојките на Марко“ носи ведрина, современ хумор и енергија која ветува освежување на репертоарот и одлична театарска забава за прилепската публика.