Скопје

Општина Центар го казни инвеститорот по свлечиштето во центарот на Скопје

26.05.2026 19:11

„Одговорност мора да има зашто при увидот било утврдено оштетување на коловозот, тротоарот, канализациската мрежа и уличното осветлување“ - деканот на Градежниот факултет во изјава за МТВ, вели дека вакви пропусти со свлечишта како последното во Општината Центар не смее да има. Општината го казни инвеститорот.

Секој оној кој го прекршил законот ќе одговара. Општина Центар е надлежна итно да постапи за заштита на граѓаните, реагираше Министерството за транспорт за свлечиштето кај Католичката црква, каде беше избегната трагедија.

„Согласно позитивните законски прописи, единствено надлежен орган за постапување во овој случај е општина центар. Општината и нејзините инспекциски служби, за градбите од втора категорија, треба да утврдат дали свлечиштето довело до оштетување на патната инфраструктура, канализациската мрежа и уличното осветлување“, соопштија од Општина Центар.

Дека мора да има одговорност, алармираше и деканот на Градежниот факултет. Тој во изјава за МТВ, вели дека вакви пропусти не смее да има.

Според полицијата, на улицата „Христо Смирненски“ во Центар, при ископ на дупка со багер, за изградба на зграда, настанало свлечиште. Машината била затрупана, но возачот успеал да излезе навреме.

Општината го казни инвеститорот. Од инцидентот се оштетени делови од тротоарот и од улицата, паднала бандера и оштетила возило.

Инаку, овој случај е последен во низата инциденти. Пред еден месец, работник загина, а тројца беа повредени во скопска Кисела Вода, откако ги затрупа земја при ископ на градилиште.

 

Борис Грујоски