Финансии

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

26.05.2026 17:18

Со 65 гласови „за“, 14 против и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра. Заемот ќе се користи за општи буџетски потреби, за финансирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година.

Со 65 гласови „за“, Собранието го усвои законот со кој земјава ќе се задолжи за 260 милиони евра кај осум странски комерцијални банки. Парите ќе се трошат за општи буџетски потреби, капитални инвестиции и сервисирање на стари долгови.

СДСМ не го поддржа задолжувањето. Велат, кредитот ја турка државата во финансиско ропство бидејќи само на име на камати граѓаните ќе треба да вратат од 58 до 64 милиони евра.

Опозицијата инсистираше за нови задолжувања да не се дискутира во отсуство на министерката за финансии, но власта одговори дека таа е на службен пат.

Од Владата велат дека растот на економија во просек изнесува 3 насто и тоа шест квартали по ред.

Анита Димитријевска – Велковска