Белгија
Четири лица, меѓу кои двајца тинејџери загинаа во страотниот судир на минибус и воз во Белгиј
26.05.2026 19:31
Причината за несреќата не е утврдена, а според компанијата за железничка инфраструктура „Инфрабел“, преминот бил затворен во моментот на судирот...

Четири лица, меѓу кои двајца тинејџери загинаа, а петмина се тешко повредени во судир на воз и училиштен автобус во белгискиот град Бугенхаут.
Причината за несреќата не е утврдена, а според компанијата за железничка инфраструктура „Инфрабел“, преминот бил затворен во моментот на судирот.
Минибусот превезувал ученици од училиште за деца со посебни потреби. По несреќата, стотина патници кои се наоѓале во возот биле евакуирани и на истите им била укажана соодветна медицинска помош.
