Вила Водно

Сиљановска-Давкова ги додели наградите за иновации и лидерство во ИТ-екосистемот

26.05.2026 18:46

Половина од истражувачката заедница во Македонија ја сочинуваат жени, истакна македонската претседателка, Гордана Сиљановска - Давкова, во рамки на доделувањето на награди и признанија за иновации, лидерство и придонес во ИТ екосистемот...

Половина од истражувачката заедница во Македонија ја сочинуваат жени, истакна македонската претседателка, Гордана Сиљановска - Давкова, во рамки на доделувањето на награди и признанија за иновации, лидерство и придонес во ИТ екосистемот.

Ова укажува на сериозен интелектуален потенцијал и огромен, но сè уште недоволно искористен ум, знаење и иновација, истакна македонската претседателка.

Да се осигураме дека жените ќе имаат свои претставнички во сите нивоа на општеството, порачаа учесничките. Заедно сме посилни, само преку соработка, поддршка и активно вклучување во иницијативи, можеме вистински да придонесеме во дигиталната трансформација и иднината на Македонија.

Ова не е само церемонија, туку и доказ дека во Македонија има жени кои не чекаат иднината само да се случи или да им биде подарена, туку самите, активно ја создаваат, порачаа учесничките.

Марија Котовска