Посета

Хрватска останува силен поддржувач на македонската евроинтеграција

26.05.2026 17:50

„Ако билатералните прашања се тие кои треба да го судат нашиот европски пат, тогаш ќе се бориме на друг начин“-премиерот Мицкоски по средбата со хрватскиот колега Пленковиќ. За официјален Загреб, неправдата врз Македонија нема оправдување.

„Наша стратегија, реформи дома и акциски план за малцинства. Ако билатералните прашања се тие кои треба да го судат нашиот европски пат, тогаш ќе се бориме на друг начин“, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ во Охрид.

Официјален Загреб со став дека за неправдата врз Македонија последните 25 години нема никакво оправдување.

„Го ценам ентузијазмот за членство во Европската унија и покрај сите обиди и блокади кои се неблагодарни“, изјави претседателот на хрватската влада.

Двете земји потпишаа договори за развој на поголема економска соработка.

Викторија Милевска известува од Охрид