Пекинг уверува дека работи на деескалација во Иран
Иран не отстапува од три клучни барања, зачувување на нуклеарната инфраструктура, признавање на иранската улога во надзорот и безбедноста на Ормускиот теснец и ослободување на замрзнатите средства погодени од санкции...

Пекинг работи на деескалација на тензиите во Иран, изјави шефот на кинеската дипломатија, нагласувајќи дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран се клучни и ги повика страните да се стремат кон прекин на огнот и да го вратат мирот.
„Одржувавме комуникација и координација со главните засегнати страни, како и со важните регионални и меѓународни партнери. Веруваме дека суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на сите земји во регионот мора да се почитуваат. Цивилните и невоените цели мора да бидат заштитени. Безбедноста на премините и енергетската инфраструктура мора да биде заштитена, а одредбите од режимот за неширење на нуклеарно оружје мора да се спроведат“, изјави Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина.
Иран не отстапува од три клучни барања, зачувување на нуклеарната инфраструктура, признавање на иранската улога во надзорот и безбедноста на Ормускиот теснец и ослободување на замрзнатите средства погодени од санкции. Претходно Иран објави дека сад извршиле грубо кршење на примирјето со новите воздушни напади на југот од земјата. Централната команда на САД соопшти дека иранските ракетни локации и бродовите што се обидуваат да постават мини во Ормускиот теснец биле нападнати во самоодбрана.
