САД

Едно лице загина и неколкумина повредени при експлозија во фабрика во САД

27.05.2026 10:15

Инцидентот се случил откако пукнал резервоар со високо корозивна течност. Резервоарот имал капацитет од околу 300 илјади литри и бил исполнет приближно 60 проценти во моментот на несреќата.

Едно лице загина, деветмина се водат за исчезнати, а неколкумина се повредени во пожар што избувна во фабрика во близина на границата меѓу американските сојузни држави Вашингтон и Орегон.

Инцидентот се случил откако пукнал резервоар со високо корозивна течност. Резервоарот имал капацитет од околу 300 илјади литри и бил исполнет приближно 60 проценти во моментот на несреќата. Според властите, во моментов нема непосредна опасност за околното население.

Компанијата е целосно во сопственост на јапонската мултинационална корпорација, а фабриката произведува картонска амбалажа за течности.