Хозе Карерас и македонски музички ѕвезди со концерт во Скопје
Хозе Карерас и елитни македонски музичари со концерт во Скопје на 1-ви септември во пресрет на Денот на независноста. По повод 35 години од независноста на Македонија спектакл ќе приреди и Давид Гета и Монолит шоу на 8-ми септември на градскиот стадион.

Еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас на иста сцена со дел од нашите најголеми уметници и оркестарот на Македонска филхармонија. По повод 35 години независност на 1-ви септември на градскиот плоштад „Македонија“ ќе се одржи ол стар концерт.
Ова ќе биде вечер од спој на македонската музика со светската класика, рекоа од Авалон продукција.
По повод 35 години од независноста на Македонија спектакл ќе приреди и Давид Гета и Монолит шоу на 8-ми септември на градскиот стадион.
Митева, најави дека ќе следуваат уште настани во рамки на одбележувањето кои ќе бидат дополнително откриени.
Александра Спировска
