Расте бројот на заболени со мултипла склероза
За една година, бројот на заболени со мултипла склероза зголемен за 115. Борбата со болеста отвора нови фронтови – иако терапија има, за многу семејства предизвик остануваат бањското лекување, ортопедските помагала и лавиринтот на бирократијата.

Асистенти, ортопедски помагала, бирократија, предизвик за пациентите со мултиплекс склероза и за нивните семејства. Пациентите говорат за своите потреби.
Додека да се реши овој проблем, пациентите со мултиплекс склероза барем за терапија веќе нема да мора да патуваат во Скопје.
Во земјава 2.300 пациенти живеат со мултиплекс склероза.
Нема листи на чекање за биолошка терапија, надлежните најавија вклучување на терапија за секундарни и прогресивни форми.
Оваа болест се јавува во репродуктивниот период, половина од пациентките не се осмелуваат ни да проговорат на оваа тема.
Поради отсуство на информации, 46 проценти од пациентките го одложуваат мајчинството.
Наташа Јанчиќ-Менковски
