Статистика

Негативен природен прираст во 66 општини

27.05.2026 15:31

За три месеци се родиле 3.380 деца, за 4,1 проценти помалку од истиот период лани.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен. За 1.962 е помал бројот на живородени деца од бројот на умрени.

Особено загрижува што природниот прираст е негативен во 66 општини. За три месеци се родиле 3.380 деца, за 4,1 проценти помалку од истиот период лани.

Бројот на умрени е намален за 1 процент, и изнесува 5.342 лица, од кои девет биле доенчиња.