Политика

Радев во дипломатска офанзива во Париз и Брисел

27.05.2026 18:32

Бугарскиот премиер не изостави пред средбата со францускиот претседател Макрон, да ги спомене и уставните измени во Македонија и поддршката што ја добил од него.

Бугарскиот премиер Румен Радев во дипломатска офанзива во Париз и Брисел. Покрај нагласеното од него дека стандардот на бугарските граѓани му е најважен, не изостави, пред средбата со францускиот претседател Макрон, да ги спомене и уставните измени во Македонија и поддршката што ја добил од него за во преговарачката рамка како услов да е и впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Ми требаше една година да ги убедам европските лидери зошто тоа треба да се направи – рече Радев.

„Во 2021 година за првпат го покренав пред европските лидери прашањето за запишување на македонските Бугари во Уставот на Република Северна Македонија. Ми требаше една година за да ги убедам европските лидери зошто тоа треба да се направи и му служи на чест на претседателот Макрон што тој прв ја оцени оправданоста на оваа идеја и со наши заеднички напори таа беше впишана во Преговарачката рамка од јули 2022 година, и јас верувам дека на денешната средба ќе ја обезбедиме поддршката од Франција, за овој консензус да се исполни во целост“, рече Радев.

Една година подоцна, во 2022 година, Македонија го прифати т.н француски предлог кој предвидува целосно прифаќање и имплементирање на правото на Европската унија. Но, беше прифатен и условот, бугарското малцинство во земјава најпрвин да биде впишано во Уставот па дури потоа да може да се отвораат поглавјата кои носат кон крајната цел-членство во Унијата.

Миле А. Ристески