Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“
Во големата судница во „Идризово“ ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Обвинителството продолжува со изведување материјални докази. На последното судење, со презентација на видеоснимки обезбедени од социјалните мрежи, Обвинителството тврдеше дека во клубот не се почитувале безбедносните мерки, немало соодветни ознаки за евакуација на гостите...

Во големата судница во „Идризово“ ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Обвинителството продолжува со изведување материјални докази. На последното судење, со презентација на видеоснимки обезбедени од социјалните мрежи, Обвинителството тврдеше дека во клубот не се почитувале безбедносните мерки, немало соодветни ознаки за евакуација на гостите. Беа прикажани и снимки од прскалките, запалени кобната ноќ. Според одбраната пак, снимките не докажуваат ништо. Адвокатот Шилегов побара делото да се преквалификува во несреќен случај поради незаконско користење пиротехника.
Во Кривичниот суд пак, судење за 13-те полициски службеници, обвинети во случајот „Пулс“, за тешки дела против општата сигурност. Според Обвинителството, нивните пропусти во постапувањето придонеле за трагичните последици и ја отвори темата за одговорноста. Обвинетите полицајци се изјаснија дека не чувствуваат вина.
