Сончево со мала до умерена облачност
Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Минималните температури ќе се движат главно од 9 до 16 степени, додека максималните ќе достигнат до околу 32 степени во најтоплите делови од земјата.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
