Почнува судскиот процес за судијата Ристов
Се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите...

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа пронајдени 350 илјади евра, заѕидани во домот на неговите родители, седнува на обвинителна клупа. Се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите. Случајот со апелацискиот судија беше откриен откако адвокатот Фехми Стафа беше фатен со поткуп од 20 илјади. Му ги дала сестрата на Љупчо Пецов-ѓаволот, за тој да не добие притвор како обвинет во предметот „Адитив“.
Минатиот месец, Стафа призна вина и во спогодба со Обвинителството, беше осуден на затвор од 15 месеци.
