Норвешка

Норвешка влегува под францускиот нуклеарен чадор

28.05.2026 10:02

Со договореното меѓу Париз и Осло, секој напад врз Норвешка би можел да предизвика француски нуклеарен одговор. Потегот доаѓа во контекст на војната со Русија и обидот на Европа повеќе да се грижи за сопствената безбедност.

Норвешка ја зајакнува безбедноста и влегува под францускиот нуклеарен чадор. Со договореното меѓу Париз и Осло, секој напад врз Норвешка би можел да предизвика француски нуклеарен одговор. Потегот доаѓа во контекст на војната со Русија и обидот на Европа повеќе да се грижи за сопствената безбедност.

Норвешка сега е најновата земја која добива француска нуклеарна заштита, по Полска и Литванија кои, исто така, граничат со Русија. Во ЕУ, по БРЕГЗИТ во 2020 година, Франција е единствената нуклеарна сила.

Според Институтот за истражување на мирот, земјата поседува околу 290, од приближно 12.200 нуклеарни боеви глави во светот, што ја прави четврта нуклеарна сила по Русија, САД и Кина.