Влада

Влада: Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација

28.05.2026 09:33

Порачаа дека нема да го трошат времето и парите на граѓаните. Велат, стратешка ориентација на Владата е Европската унија, а потврда за тоа е укинувањето на оценската мисија од Советот на Унијата, како и отворањето на фондовите од Реформската агенда...

Од Владата го одбија барањето на лидерот на СДСМ Филипче за референдум. Порачаа дека нема да го трошат времето и парите на граѓаните. Велат, стратешка ориентација на Владата е Европската унија, а потврда за тоа е укинувањето на оценската мисија од Советот на Унијата, како и отворањето на фондовите од Реформската агенда.

„Како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат од последниот референдум организиран 2019-та година – тие и денес продолжуваат да бидат мекото ткиво на македонскиот идентитет“, се вели во реакцијата на македонската влада.