Штип

Презентација на воена опрема и способноста на единиците на Армијата

28.05.2026 16:08

„Армијата е најголемиот столб и гарант на мирот, актуелните времиња бараат подготвеност и ние сме подготвени“ – истакна претседателката Силјановска Давкова на презентацијата на армиската подготвеност во Штип, по успешно завршената вежба „Блесок 26“. Лесната пешадиска баталјонска група беше високо оценета од страна на НАТО…

Презентација на воена опрема, возила и армиски способности имаше денес во Штип по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група. На настанот присуствуваше претседателката Силјановска Давкова и генерал Сашко Лафчиски.

Граѓаните имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата и способностите на Армијата.

Лесната пешадиска баталјонска група е борбена единица на Армијата на Република Северна Македонија, која е целосно опремена, обучена и структурирана според највисоките стандарди на НАТО.

Славица Величковска