Европа

Маж избоде неколку луѓе на железничка станица во Швајцарија

28.05.2026 18:44

31-годишниот напаѓач е приведен, а повредените швајцарски државјани се хоспитализирани. Полицијата работи на откривање на мотивите за нападот...

Три лица се избодени со нож во швајцарскиот град Винтертур, откако вооружен маж ги нападнал на железничка станица извикувајќи „Алах акбар“. 31-годишниот напаѓач е приведен, а повредените швајцарски државјани се хоспитализирани. Полицијата работи на откривање на мотивите за нападот.

„Непосредно пред 8:30 часот наутро, Швајцарец избоде неколку луѓе на железничката станица во Винтертур. Едно од трите лица кои беа однесени во болница е потешко повредено. Сторителот беше уапсен. Полиција во Цирих истражува во сите правци. Сепак, во моментов не можеме конкретно да кажеме кој бил мотивот“, изјави Роџер Бонети од полицијата во Цирих.