Јавен сервис

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МРТ и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

28.05.2026 17:22

Македонската Радио- телевизија ги отвора вратите за младите и надежните уметници од средното училиште „Илија Николовски- Луј“. Цел на меморандумот за соработка- подигнување на свеста за значењето на културната едукација на музиката и балетот.

Младата виолончелистка Ана Велкоска со „Македонско девојче“ ја освои префинетата виенска публика. Беше единствена учесничка од Македонија во еден престижен проект каде што од пријавен 81 учесник се избрани само 12, меѓу кои и македонката Ана. За настапот, вели, дека ја исполнил со чувство на гордост. Таа е ученичка од прва година во класата на професорката Маре Видевска.

Македонската Радио-телевизија ги отвора своите врати за младите и надежни уметници од Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски – Луј“, за да ги доближи нивните уметнички дела и активности до младиот аудиториум.

Потпишан е меморандум за соработка меѓу Македонската Радио-телевизија и Државниот музичко-балетски центар, преку кој ќе се прави селекција на талентирани ученици од основното и средното стручно образование и ќе им биде отстапен простор на фреквенцијата на јавниот сервис.

Свирењето музички инструмент кај децата, го помага не само развојот на мозокот, туку и борбата со анксиозноста и секојдневните притисоци.

Александра Спировска