Интерпелација

Гаши: Ќе одговорам со правни аргументи дека не сум го прекршил Деловникот

28.05.2026 18:57

Со правни аргументи ќе одговорам дека не сум го прекршил Деловникот – вели собранискиот спикер Гаши за поднесената интерпелација од опозицијата. На 10 јуни на седница ќе се најде и Законот за правична застапеност.

На интерпелацијата за мојата работа како претседател на Собранието поднесена од СДСМ ќе одговорам со аргументи дека не сум го прекршил Деловникот на Собранието и правилно сум донел одлука за назначување на претседавач на Комисијата за финансирање и буџет, вели спикерот на парламентот, Гаши. Според Гаши таа, сè уште не е официјално ставена во процедура.

Во однос на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица, таа е пристигната во законодавниот дом и се очекува на наредните седници да биде ставена на агендата.

Гаши најави дека на дневен ред на седницата закажана за 10 јуни ќе се расправа за Предлог-законот за правична застапеност и за интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Игор Панов