Израел продолжува со акциите во Либан и во Газа
Израелските трупи ја преминаа реката Литани. Хезболах презеде одговорност за повеќекратни напади со беспилотни летала и ракети насочени кон израелските трупи во јужен Либан и северен Израел.

Израелската војска нотира дека воздухопловните сили работат непрекинато, на сите арени, напаѓајќи низ цел Либан. Акциите следуваат во услови на ескалација на тензиите и покрај тековното примирје. Израелските трупи ја преминаа реката Литани. Хезболах презеде одговорност за повеќекратни напади со беспилотни летала и ракети насочени кон израелските трупи во јужен Либан и северен Израел.
„Нашата цел е јасна, да ги заштитиме северните заедници, да ја отфрлиме заканата и со текот на времето да удриме длабоко и да го ослабнеме Хезболах. Само од почетокот на прекинот на огнот, елиминиравме повеќе од 700 терористи во Либан“, изјави бригаден генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска.
Израел ја проширува контролата во Газа и ја заострува контролата врз Хамас, тврди премиерот Нетанјаху.
„Се наоѓаме во процес каде што нашата сила, можеме да ја искористиме во многу насоки. Сè уште мора да го скршиме Хезболах, но го затегнуваме притисокот врз Хамас. Сега сме на 60% од територијата на Појасот Газа. Најважно е да продолжиме да ја користиме нашата моќ, да ја зголемиме“, рече Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
