Свет

СЗО: Има предизвици во справувањето со еболата

29.05.2026 19:26

Бројот на сомнителни заразени со ебола во земјата се приближува до 1.000, со најмалку 220 сомнителни смртни случаи.

Генералниот директор на Светската здравствена организација пристигна во Демократска Република Конго. Бројот на сомнителни заразени со ебола во земјата се приближува до 1.000, со најмалку 220 сомнителни смртни случаи.

„Дојдов да дадам поддршка на високо ниво. Постојат многу предизвици, особено во ограничувањето на епидемијата. Едната е конфликтот, безбедносните предизвици и затоа побарав прекин на огнот. Другиот проблем е раселувањето. Луѓето се раселени поради конфликт и тоа го отежнува ограничувањето на епидемијата. Тука е и, се разбира, и несигурноста на храната што ја гледате во покраините“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

Епидемијата на ебола се шири брзо, принудувајќи некои земји да преземат драстични мерки. Уганда нареди затворање на границата со Конго.