Македонија вечерва против БиХ во Сараево
29.05.2026 15:03
Новиот селектор Гоце Седлоски најави дека шанса ќе добијат и неколкумина дебитанти, додека поради повреда ќе отсуствува капитенот Енис Барди. Капитенската лента ќе ја носи голманот Столе Димитриевски.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Босна и Херцеговина во Сараево во првиот од двата контролни натпревари пред стартот на новиот циклус во Лигата на нации.
Новиот селектор Гоце Седлоски најави дека шанса ќе добијат и неколкумина дебитанти, додека поради повреда ќе отсуствува капитенот Енис Барди. Капитенската лента ќе ја носи голманот Столе Димитриевски.
Натпреварот ќе се игра од 20:30 часот на стадионот „Асим Ферхатовиќ“ пред распродадени трибини.
