Нездрава храна во и околу училиштата
Нездравата храна и засладените пијалаци се широко достапни во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, покажува првата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во земјава, спроведена со поддршка на УНИЦЕФ.

11-годишниот Илин од училишната кујна најмногу сакал ориз со пилешко месо. Вели, тој и неговите врсници јадат и пица и бургер, но по навика дома сака вкусна манџа.
Родителите велат дека колку и да се трудат децата да ги научат да јадат домашна разновидна храна, во училиштата и околу нив немаат можност да си купат. А, имаат и забелешка за онаа што се дава во училишните кујни.
Тврдењата на родителите ги поткрепува новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата поддржано од УНИЦЕФ, спроведена во 40 основни и средни училишта.
Во и околу школите речиси и да нема здрава храна, само нездрава. Една третина од децата на возраст од 7 до 9 години се дебели.
Нутриционистите велат, има и позитивни примери, кога децата сакајќи убаво да изгледаат прават промени во начинот на исхраната.
Наташа Јанчиќ-Менковски
