Сомнеж за труење со храна во скопско училиште
Сомнеж за труење со храна во училиштето „Невена Георгиевска – Дуња“ во скопска Кисела Вода. Десетина дечиња во текот на ноќта и денеска со лесна клиничка слика се јавиле на Детска клиника. Поради благите симптоми, по прегледот се пуштени дома. Надлежните го следат случајот.

Ученици од основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ од општина Кисела Вода со исти симптоми побарале лекарска помош на Детската клиника.
Десетина деца, со повраќање и мачнини биле прегледани на клиниката. Сите имале лесна слика, па, по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Надлежните институции за МТВ потврдија дека се информирани за случајот. По поднесувањето пријава, ќе треба да се испита што ги предизвикало симптомите кај учениците, дали јаделе сите иста храна, но и дали консумирале друга, како сладолед, надвор од училиштето.
Среќна околност е што сите ученици кои побарале лекарска помош се во добра здравствена состојба.
Ана Јосифоска
