Македонија
Денеска 44-ти Марш на ангелите
30.05.2026 10:34
Членови на семејствата на загинатите и повредените во стравотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, ќе чекорат во чест на своите чеда...

44-ти марш за ангелите. Ќе се одржи во пробиштипското село Татавица. Членови на семејствата на загинатите и повредените во стравотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, ќе чекорат во чест на своите чеда.
Маршот ќе започне во 19 часот и 5 минути од спортското игралиште, соопштија од здружението на граѓани „16 Март“.
„Ќе чекориме за нашите 63 ангели, за оние чии гласови замолкнаа прерано, но, чие присуство засекогаш останува во нашите срца“, велат од здружението. Во дописот посочија дека не бараат пресуда на улица, туку правда во судница.
