Кошта од понеделник во посета на Западен Балкан
Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе патува во Западен Балкан. Турнејата ја почнува в понеделник. Ќе се сретне со лидерите од регионот, а ќе биде копретседател на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора на 5-ти јуни.
Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.
„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на еу кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачаат резултати,“ порача Кошта, пред балканската турнеја.
