Во јуни стартува Оперативениот план за вработување
Новиот Оперативен план за вработување со мерки, тежок околу 40 милиона евра ќе профункционира во јуни, а до крајот на летово десеткратно ќе се зголемат казните за непочитување на Законот за нефер трговски практики...

Новиот оперативен план со мерки за вработување ќе го чека јуни за да влезе во функција, иако веќе помина на владина седница. Според Министерството за економија и труд, ланското искуство покажа реализација од 92 проценти, околу 12.000 лица ги користеле мерките, а најмногу, преку 2.600 лица за самовработување. Наменет е за невработените, социјално загрозените и пред сè, младите до 29 години. Новиот оперативен план е тежок колку ланскиот , околу 40 милиона евра.
Законот за нефер трговски практики ќе претрпи измени, најмногу во казнената политика со десетпати зголемени казни за трговците, но и за добавувачите, од сегашните 20.000 евра максимална казна, сега со 200.000 евра.
Законските измени се очекуваат до крајот на летото.
Елизабета Митреска
