Туризам

Истокот со голем туристички потенцијал, но без стратегија

31.05.2026 15:21

Источниот регион има туристички потенцијал, регионот нуди можности за развој на планински, еко, рурален, културен, гастрономски и авантуристички туризам. Потребна е стратегија за силна промоција на туристичката понуда на дигиталните платформи.

Сè повеќе домашни и странски туристи бараат мирни дестинации, чист воздух и автентична храна, а токму тоа го нуди Истокот. Планинските тури, авантуристичките паркови, етно куќите и локалните производи можат да станат двигател на локалната економија. Дигиталните платформи нудат можност за промоција, а државата може да ги олесни процедурите за странските туристи

Идните туристички работници да бидат креативни но и да ги следат успешните искуства од странство

Берово е честа дестинација на домашните и странските туристи, пред сè од соседна Бугарија. Осоговските Планини стануваат сè попривлечни за планинарење и велосипедизам, а Штип привлекува посетители со културните и гастрономски манифестации. За истокот да стане уште поатрактивен потребна е координирана стратегија и поголема видливост на туристичката понуда.

Славица Величковска