Прилеп

Недостиг од пожарникари во прилепската противпожарна единица

31.05.2026 14:19

Прилепската противпожарна единица е подготвена да се фати во битка со зголемените опасности од пожарите, но сепак, недостасуваат пожарникари. Опремата ја одржуваат и чекаат на донаторства.

Уште 20-тин пожарникари недостасуваат во прилепската противпожарна единица која против огнени стихии покрива една од најголемите територии во Прилепско-долненскиот и Мариовскиот крај. Се одржува опремата, а 40-тината пожарникари кои се подготвени да се справуваат со зголемените опасности од огнот, посакуваат единицата да стигне до законските норми.

Локалните власти велат дека се обратиле до надлежните министерства и најавуваа нова опрема преку донаторство, иако за годинава за Единицата нема средства од буџетот.

Интенциите на државата се да се движи кон доброволните друштва за пожарникарство

Елизабета Митреска