Партиите поделени околу евроинтеграциите
Партиите со различни ставови околу евроинтеграциите. Опозициската СДСМ обвини дела власта не сака да го продолжи евроинтегративниот пат. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак повтори дека без гаранции нема да има уставни измени...

Партиите длабоко поделени околу евроинтеграциите. Опозициската СДСМ обвини дела власта не сака да го продолжи евроинтегративниот пат. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак повтори дека без гаранции нема да има уставни измени.
Власта нема право да го блокира евроинтегративниот пат, вели лидерот на СДСМ, Филипче. Инсистира граѓаните да се изјаснат на референдум за уставните промени. Според него, билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка и не може да го сопрат европскиот пат, како и отворањето и затворањето на кластерите.
Македонија плати превисока цена за уставните измени, без гаранции од ЕУ нема да ги направиме – велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Повторија дека без цврсти гаранции од ЕУ и спроведување на пресудите од Судот за човекови права од страна на Бугарија, нема уставни измени.
Остануваат различните ставови како да продолжи евроинтеграцијата. СДСМ најави фронт за слобода и правда за враќање на власта на народот, зголемување на притисокот врз премиерот Мицкоски за распишување референдум и делегитимирање на политиката на ВМРО-ДПМНЕ како „лажен патриотизам“.
ВМРО-ДПМНЕ пак инсистира почитување на пресудите од судот во Стразбур од страна на Бугарија како предуслов за натамошни разговори.
Ирина Гелевска
