Струмица
Откупно-дистрибутивен центар за цреши, побараа овоштарите од струмичко Вељуса
31.05.2026 18:19
Отворање на откупно-дистрибутивен центар за цреши и стабилни откупни цени. Ова се барањата на овоштарите од струмичко Вељуса каде имаше Црешијада. Компании веќе покажале интерес за откуп за производство на слатки и сокови од цреша.

Повисоки цени и отворање откупно-дистрибутивен центар за цреши. Вака побараа овоштарите од струмичко Вељуса кои го изложија производство на првата Црешијада.
Се приклучија и домаќинките кои тврдат дека црешата може да најде место и во кулинарските специјалитети.
Црешијадата има за цел да го сврте вниманието на трговците и откупувачите, но и да се размислува и за конзервно-преработувачки капацитети.
Денешната манифестација привлече и илјадници гости и посетители кои уживаа во програмата.
Ване Трајков
