Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на горивата до 15 јуни
Владата на денешната седница, што вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донела одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни...

Владата на денешната седница, што вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донела одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни.
Истовремено, како што информираа од владината прес-служба, во разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, било договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник – 1 јуни.
Со овие мерки и согласно пресметките, велат од Владата, нејзините очекувања се цената на дизел горивото да се намали за шест и пол денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за еден и пол денар по литар.
