евроинтеграции

Балканска турнеја на Антонио Кошта

01.06.2026 08:31

Во рамките на балканската турнеја Кошта ќе се сретне со лидерите од регионот, а ќе биде копретседател на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора на 5-ти јуни. Кошта во Македонија ќе пристигне утре...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта со денеска пристигнува во Сараево со што ја почнува посета на земјите од Западен Балкан. Во рамките на балканската турнеја Кошта ќе се сретне со лидерите од регионот, а ќе биде копретседател на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора на 5-ти јуни. Кошта во Македонија ќе пристигне утре. Со државно-политичкиот врв ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачаат резултати“, порача Кошта пред посетата на балканските земји.