Скопје домаќин на 9-от Форум за клима и енергетска транзиција во Западен Балкан
Под мотото унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција, форумот ќе обедини носители на политики, меѓународни организации, финансиски институции, приватниот сектор и граѓанското општество со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност...

Скопје денеска и утре е домаќин на 9-от Форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан.
Под мотото унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција, форумот ќе обедини носители на политики, меѓународни организации, финансиски институции, приватниот сектор и граѓанското општество со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност.
Настанот се организира во партнерство со делегацијата на Eвропската унија во земјава и со Министерството за животна средина.
