Продолжена мерката за намалување на акцизите, се очекува пониска цена на горивата
По разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „Окта“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе почне да се применува од денеска.

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15-ти јуни. По разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „Окта“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе почне да се применува од денеска.
„Со овие мерки и согласно со нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици“, велат од Владата.
Се очекува денеска Регулаторната комисија за енергетика да ги објави новите цени на горивата.
