ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
Охриѓани до првиот европски трофеј во клупската историја стигнаа со две победи во финалната пресметка против Татабања, откако претходно славеа и на гостински терен со 29:28.

ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2025/26, откако и во реваншот од финалето ја совлада унгарска Татабања со 31:25 пред преполната сала „Билјанини Извори“.
Охриѓани до првиот европски трофеј во клупската историја стигнаа со две победи во финалната пресметка против Татабања, откако претходно славеа и на гостински терен со 29:28.
Тимот предводен од тренерот Борис Ројевиќ одигра извонредна сезона и заслужено се искачи на европскиот врв. Голема улога во триумфот имаше и фантастичната поддршка од навивачите, кои создадоа незаборавна атмосфера во „Билјанини Извори“.
Прославата на историскиот успех продолжи низ улиците на Охрид, а ќе биде заокружена со свечен хепенинг на Градскиот плоштад.
Фото: ГРК Охрид/ Facebook
